Највкусниот карфиол се приготвува на овие два начина
Со овие два рецепта, ќе го засакаат карфиолот и оние што никогаш не сакале да го пробаат. Испробајте го рецептот за печен карфиол прелиен со вкусен сос од грчки јогурт, лук, маслиново масло и зачини или за потпечен карфиол со јајца, павлака и сирење, со крцкава коричка од лебни трошки.
И двата рецепта се едноставни, здрави и нудат поинаков пристап во приготвувањето на овој не толку популарен зеленчук.
Печен карфиол во сос од јогурт
Ова е здрав и вкусен рецепт што ќе го приготвувате одново и одново.
Состојки:
- 1 карфиол
- 1 грчки јогурт
- 1 чешне лук
- сок од 1 лимон
- свежо зачинско билје
- малку масло
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 200 степени и подгответе хартија за печење, која можете да ја премачкате со растително масло.
Измијте го карфиолот и поделете го на цветови.
Измешајте грчки јогурт, пасиран лук, сок од лимон и зачини по желба.
Рамномерно премачкајте ги цветовите карфиол со приготвениот сос.
Печете го во загреана рерна околу 30 минути или додека стане бледо-златен и мек.
Поврзани објави
Послужете го топол, украсен со свежо зачинско билје и пресечете го со остар нож.
Потпечен карфиол со јајца, павлака и сирење
Ова јадење со карфиол ќе ве освои со својата крцкава коричка.
Состојки:
- 1 карфиол
- лебни трошки
- зачини (сол, бибер, сув зачин)
- малку масло
Приготвување:
Измијте го карфиолот, поделете го на цветови и бланширајте го во посолена, зовриена вода пет минути.
Префрлете го карфиолот во сад со ладна вода за да го сопрете процесот на варење и добро исцедете го.
Ставете го карфиолот во подлабока тепсија премачкана со масло. Посипете го со малку сол, сув зачин и бибер, а по желба и со трошки леб. Печете го во рерна на 200 степени, десетина минути.
Додека карфиолот се пече, изматете јајца со павлака и млеко и зачинете по вкус.
Прелејте го карфиолот со добиената смеса и вратете го во рерна загреана на 220 степени да се пече уште 10-20 минути, додека фати убава коричка.
Посипете го готовиот карфиол со рендано сирење трапист и ситно сечкан лист од магдонос, и послужете го веднаш.