Почетна Убавина и здравјеБремената Катарина за љубовта со пејачот Дарко Лазиќ – Убавина и здравје

Бремената Катарина за љубовта со пејачот Дарко Лазиќ – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Катарина Лазиќ за неколку месеци ќе стане мајка, а сега преку социјалните мрежи одговараше на сите прашања поврзани со бременоста и заедничкиот живот со сопругот Дарко Лазиќ.

Имено, српскиот пејач и неговата сопруга Катарина се венчаа минатиот август, а неодамна ги израдуваа сите со веста за нејзината бременост. Парот ќе го добие своето прво дете, а идната мајка одговараше на најчестите прашања на љубопитните следбеници на нејзиниот Инстаграм профил.

Колку деца планирате да имате со Дарко? – било едно од прашањата.

Ништо не планираме. Поздрав! – одговорила Катарина.


Поврзани објави

– Кои се тајните на добриот брак? – прашал еден фан.

Толеранција и компромис – кратко рекла таа.

– Кога е терминот и каде живеете сега? – еден следбеник бил љубопитен.

Во октомври. Сè уште сме на релација Нови Сад – Брестач. Наскоро ќе треба да одлучиме каде ќе бидеме стационирани – открила таа.

Дали некогаш веруваше дека повторно ќе бидете заедно со Дарко, дека ќе имате дете? – било уште едно од низата прашања.

Пред 14 години кога раскинавме се убедував дека не ни е судено и дека нема да бидеме заедно, па сега одвреме-навреме му велам дека не ми се верува дека повторно сме заедно и дека ќе имаме дете – одговорила Катарина.