Table of Contents
Науката и праксата потврдиле дека броењето калории, едноставно, не придонесува за квалитетна контрола на тежината
Многу диети се исклучително тешки, но дури и ако успеете да ги издржите до крај, по неколку месеци, килограмите најчесто се враќаат. За да го избегнете тоа, прочитајте ги следниве десет правила, кои важат за секоја диета – а каков ќе биде резултатот, зависи од тоа дали и до која мера сте ги почитувале.
1. Полека слабејте
Сите нутриционисти ќе се согласат дека добра и квалитетна диета е таа со чија помош нема да слабеете повеќе од еден килограм неделно. Ако ослабете повеќе за една неделна, тоа значи дека освен вода и масни наслаги, сте изгубиле и мускулно ткиво, што никако не е во ваш интерес.
2. Исфрлете го шеќерот, а не мастите
Модерните нутриционисти советуваат да се внесува помалку шеќер, но тоа не важи и за мастите. Имено, вишокот шеќер што го внесуваме преку храната, како што е тестото и лебот, се таложи како сало. Но урамнотеженото внесување масти ќе ве држи сити и ќе ви го зачува здравјето.
Напомена: Ако на вашиот режим на исхрана му недостасуваат масти, ќе чувствувате замор, глад и ќе бидете лошо расположени, нема да успеете ни да ја намалите телесната тежина.
3. Не прескокнувајте го појадокот
Квалитетниот појадок е најдобриот начин да го започнете денот. Секоја добра диета вклучува појадок кој содржи квалитетни протеини, добри масти и здрави јаглехидрати. Доколку немате идеја што да јадете наутро, одберете тврдо варени јајца на леб со семиња или овесна каша со зрнесто овошје.
4. Јадете редовно
Сите успешни диети промовираат редовни, планирани оброци и ужинки во текот на денот. Можете да имате и 5-6 оброци дневно, но важно е да бидат здрави, лесни и балансирани.
5. Начин на живот
Поврзани објави
Добрите решенија за слабеење подразбираат и промена на животните навики и не содржат револуционерни хемиски препарати или магични прашоци, кои ги топат наслагите со брзина на светлината. Затоа, не наседнувајте ја сензационализмот и бидете подготвени за промени, ако сакате да ги симнете несаканите килограми.
6. Не заборавајте на протеините
Клучот за симнувањето килограми се крие во ниското ниво на шеќери во крвта. Истиот ефект ќе го постигнете и со редовно земање протеин, со оглед на тоа што тој ги држи шеќерите под контрола во организмот.
7. Урамнотежена исхрана
Постојат многу диети што се базирани на консумација само еден вид храна, што секогаш доведува до неурамнотеженост во телото. Најдобрите диети ги содржат сите видови намирници и не ви наметнуваат да јадете исклучиво еден вид храна или да исфрлите некои „непожелни“ намирници од редовните оброци.
8. Немојте да броите калории
Науката и праксата имаат потврдено дека броењето калории не придонесува за квалитетна контрола на тежината. Ако изедете немасно колаче со кафе со млеко, може да му направите поголема штета на процесот на слабеење отколку ако изедете кајгана со сланина со шолја растителен чај.
9. Физичка активност
Квалитетните диети вклучуваат физичка активност. Без тоа нема здраво и квалитетно слабеење.
10. Одбегнувајте готова храна
Никако не консумирајте храна која поминала низ фабричка обработка. Таа најчесто содржи хемиски додатоци кои не би сакале да ги внесете во телото, но најчесто не знаете дека постојат.
ФОТО: Unsplash