Почетна Убавина и здравјеЛила каква ја немате видено – „уловена“ е со кеса на главата (ФОТО) – Убавина и здравје

Лила каква ја немате видено – „уловена“ е со кеса на главата (ФОТО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Популарната водителка умее да се снајде во секоја ситуација.

Не е тајна дека Лила Филиповска е вешта во зборувањето, шминкањето, облекувањето, а уште еден доказ дека умее да се снајде во секоја ситуација, дури и кога ќе се најде во „небрано“, се фотографиите во продолжение.

Имено, популарната водителка ја снимивме на пат кон ТЦ „Лептокарија“ додека претпазливо се движеше вешто избегнувајќи ги дупките исполнети со вода од дождот што денес го „мие“ Скопје.

А за да не ѝ се расипат кадриците и шминката, Лила ја покри главата со пластична кеса!

Ќе се согласите дека кесата не го наруши нејзиниот беспрекорен стајлинг, како што и дождот не успеа да гo расипе доброто расположение.

Инаку, Лила неодамна се врати од Сараево, каде штто престојуваше неколку дена како специјална гостинка на регионалната кампања на „Макс Фактор“, на која, покрај нашата водителка, беше и регионалната бренд-амбасадорка Северина, како и голем број влијателни познати личности.


Поврзани објави

Дека градот на Миљацка и овој пат ѝ оставил прекрасен впечаток сведочат и фотографиите што ги објави шетајќи низ Баш-чаршија и посетувајќи ги другите знаменитости на Сараево.

Сараево… волшебниот град кој ќе те научи малку да подзастанеш, да го успориш темпото, да испиеш кафе со пријателите, без грижа на совест да изедеш порција на далеку познатите кебапи, бурек под сач… местото каде што се спојуваат истокот и западот… градот на мостовите на Миљацка, градот во кој дојдов по втор пат, ама не и последен“, порача Лила на Инстаграм.

Фото: Инстаграм, приватна архива