Почетна Убавина и здравјеУжива во аферите! – Убавина и здравје

Ужива во аферите! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

И покрај тоа што го смета својот брак за „нефункционален“, не планира да се разведе

Познатиот актер Џереми Ајронс има необична љубовна приказна која со години им го привлекува вниманието на јавноста и медиумите.

Џереми Ајронс со своите 50-тина филмски улоги и бројни театарски успеси, денес важи за еден од најпризнаените актери, а неговата љубовна приказна е еднакво интересна.

Познатиот Англичанец првпат се оженил во далечната 1969 година со девојка од неговото училиште, но набрзо и двајцата сфатиле дека направиле младешка грешка. Ајронс си ја испробал среќата вторпат кога се оженил со актерката Шинејд Кјузак, со која и ден денес е во брак, 47 години подоцна.

Тие добиле две деца во бракот, синовите Семјуел и Максимилијан, а успехот им го припишуваат на толеранцијата и разбирањето на меѓусебните различности. Но работите меѓу нив се многу покомплицирани, а тоа го докажуваат бројните афери на актерот, кои тој секогаш остро ги демантира.

Познат како голем заводник и уметник, кого жените отсекогаш го издвојувале на листата на најинтересни познати мажи, Ајронс тешко им одолевал на додворувањата, па папарацо-фотографите повеќепати го имаат фотографирано со познати и непознати жени. Се чини дека славниот актер ужива во аферите, со оглед на тоа што се зборува дека постојано ја изневерува својата сопруга и дека често е во друштво на други жени.

Пред повеќе години, Ајронс бил вмешан во непристојна јавна препирка со американски папарацо-фотограф, откако го фотографирал како се шета фатен за рака со мистериозна бринета во Њујорк. Откако сфатиле дека се забележани, тие брзо се разделиле.


Поврзани објави

Во 2005 година, Џери Хол била принудена да го прекине „пријателството“ со него, откако било забележано дека таа и Ајронс биле неразделни за време на патување по француската ривиера. Тој, исто така, бил виден како се бакнува со 20 години помладата француска пејачка Патриша Хас, пред ноќен клуб во лондонскиот Сохо.

Еден период актуелна била и приказната дека Ајронс бил фасциниран од Мила Јововиќ, но актерот никогаш не ги прокоментирал овие шпекулации.

Сопругата на Џереми неколку пати истакнувала дека тие имаат отворен брак, додека славниот актер го нарекол „нефункционален“.

„Јас и Шинејд поминавме низ тешки периоди. Тоа се случува во секој брак, бидејќи луѓето се невозможни. Јас сум невозможен, жена ми е невозможна, животот е невозможен. Ниту еден брак не е таков каков што изгледа. Многу е тешко да ѝ бидеш сè на една личност“, раскажал тој.

Ајронс повеќепати изјавил во интервјуа дека никогаш нема да се разведе, иако признал дека во еден момент побарал помош од терапевт за да ги надминат проблемите.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм