Се гледа дека уживаат во семејната идила…
Докажувајќи дека можеби нема ништо послатко на оваа Земја од малите прсти на бебето, Кортни Кардашијан и Травис Баркер за прв пат јавно споделија неколку фотографии од нивниот син Роки.
Реалити ѕвездата и рокерот од бендот „Блинк-182“ во петокот објавија пет фотографии на Инстаграм, на кои за прв пат е нивниот син, кој се роди во ноември.
Сепак, лицето на бебето го сокриле со раце, па јасно е дека се уште не се подготвени целосно да го покажат Роки на светот.
Поврзани објави
Да потсетиме, Кардашијан првпат јавно објави дека чека дете за време на еден од концертите на нејзиниот сопруг во јуни.
Тие прво се обиделе да добијат дете преку ин витро оплодување, што не успеало, но бременоста се случи по природен пат. Нејзината бременост била многу ризична, и имала операција, но на крајот се испадна како што треба, и Роки за среќа се роди целосно здрав.