Почетна Убавина и здравје„Сè сум пробала, но…“ (ФОТО) – Убавина и здравје

„Сè сум пробала, но…“ (ФОТО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Настапот во Цазин откажан – пејачката објасни зошто и се извини на публиката.

Популарната српска пејачка Тања Савиќ повторно е спречена да настапи – овој пат поради болест. Високата температура ја прикова за хотелски кревет, па мораше да го откаже долгоочекуваниот настап во Цазин, Босна и Херцеговина.

Тања Савиќ на својот профил им се обрати на фановите велејќи дека направила сè што можела за да настапи, па дури и примила инфузија пред патувањето.

Драги мои, толку патував до Цазин, а вечерва лежам во хотел со температура. Сè сум пробала, но не ми помогна“, напиша пејачката.

Printscreen/Instagram/tanja_savic_private


Поврзани објави

Иако стигнала навреме, за разлика од неодамнешниот откажан настап во Будва поради авионско доцнење, здравствената состојба не ѝ дозволила да се појави пред публиката. Поради тоа, таа јавно се извини и побара разбирање.

Многу ми е жал, се надевам дека ме разбирате“, изјави Савиќ.

Таа во последно време е и во центарот на вниманието поради нејзината веридба со Мухамед „Муки“ Бешиќ, за која сè уште не му кажала на избраникот некои важни детали.

printskrin Youtube-AmiG Show tanja savic