Почетна Убавина и здравјеПо 3 дена се случило чудо! – Убавина и здравје

По 3 дена се случило чудо! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Водата со лажиче чиа семе стана многу популарна напивка за слабеење

Чиа семето наводно има моќ да го ублажи гладот, иако не влијае врз метаболизмот, ниту го засилува согорувањето калории. Новинарот Џексон Томпсон го испробал овој метод и навистина почувствувал ефект.

По три дена консумирање вода со чиа семе, Томпсон забележал дека му се намалил апетитот и дека се заситувал од половина од порцијата што обично ја јадел.

Го користев истиот рецепт пред секој оброк. Ставав едно лажиче чиа семе во чаша вода и го оставав да отстои 15-20 минути. Семето полека почнува да набабрува во водата, а околу него се создава бел слој. Чиа семето е преполно со растворливи влакна што апсорбираат вода, ширејќи се до 27 пати повеќе од својата големина кога ќе се помешаат со течноста“, опишал новинарот.

Додека набабрувале, некои семиња паѓале на дното од чашата, но повеќето од нив останувале на површината.

Џексон ја пиел оваа напивка трипати на ден, три дена по ред. Секогаш морал со раката да ги турне семките од површината на чашата под водата за да омекнат.

Пиењето вода 30 минути пред секој оброк изискуваше малку трпение и дисциплина. Како прво, немаше добар вкус. Беше горчливо и текстурата на семето ми лизгаше низ грлото како лигава плунка. Исто така, морав да почекам 30 минути откако ќе ја испиев водата за да се уверам дека ефектот на ублажување глад има доволно време да дејствува пред да изедам нешто“, раскажал Томпсон.

Поврзани објави

Но набрзо сфатил дека пијалакот навистина е ефикасен. Веќе се чувствувал како да изел обилен оброк пред да земе и едно залаче од својот појадок, ручекот или вечерата – и не можел да ја доврши порцијата што обично ја јадел.

На пример, една вечер  за време на експериментот, приготвив плескавица со прилог од тестенини. Но откако започна дејството на водата со чиа семе, можев да изедам само половина од хамбургерот и земав три залачиња тестенини пред да го ставам оброкот во фрижидер“, тврдел Томпсон.

По тридневниот експеримент, тој се откажал од напивката со чиа семе, бидејќи секојдневното консумирање може да предизвика проблеми со варењето, како што се дуење и констипација, како што му укажал нутриционистот Аликс Туроф.

Туроф исто така рекол дека пречестото консумирање на напивката може да доведе до нарушување во исхраната поради неправилен распоред на јадење, лишувајќи го телото од хранливи материи.

Но ако треба да внесете повеќе влакна во вашата исхрана, тогаш редовното грицкање чиа семе е добро, додека постепено го воведувате во вашата исхрана. И балансирајте го со доволно вода“, открил нутриционистот Крис Солид.

Чиа вода за рамен стомак: Како делува трендовскиот пијалак?