Тврди дека не верува во природна убавина, а неодамна сите ги стаписа со својот изглед.
На хуманитарниот настан организиран од фондацијата Керинг беше присутна и познатата италијанска дизајнерка Донатела Версаче. Настанот предводен од Салма Хаек и нејзиниот сопруг Франсоа-Анри Пино се одржа во рамките на модната недела во Њујорк, а собра многубројни познати личности.
Меѓу гостите беше и Донатела Версаче, која повторно се најде во центарот на вниманието поради својот изглед.
69-годишната италијанска дизајнерка своевремено важеше за природна убавица, но бројните естетски зафати и операции ја направија непрепознатлива.
Поврзани објави
Таа почна со операции во средината на 1990-тите, а веќе по смртта на нејзиниот брат Џани, не изгледаше како порано. Шефицата на куќата Версаче уште во 2013 година призна дека ботоксот е дел од нејзиниот режим за убавина, а претходно изјави дека не верува во природна убавина.
Прекумерната употреба на ботокс, искривените усни и отеченото лице редовно ја ставаат на врвот на листата на светски ѕвезди кои претерале со естетските зафати.
Фото: Инстаграм (@donatella_versace, @alexanderwerz)