Бојана Нушкова во морбидна кампања за долна облека по повод Ноќта на вештерките
Манекенката Бојана Нушкова е во центарот на новата, провокативна кампања за долна облека на брендот SXTHSENSE, која ја спојува модата со морбидниот хумор и атмосферата на Ноќта на вештерките.
Во видеото, неколку манекенки и манекени се собрани околу ковчег, кој го отвораат за да ја откријат Бојана, облечена во долна облека. Додека присутните ја набљудуваат сцената, дури и попот посегнува по телефонот за да го овековечи необичниот момент. Но, токму кога се чини дека сè е завршено, Бојана ги отвора очите и станува од ковчегот, претворајќи ја бизарната ситуација во неочекуван моден спектакл.
Поврзани објави
„Sxth sense brings you back to life“ е слоганот што ја заокружува кампањата, во која драматичната естетика е споена со сензуалноста и црниот хумор.
Кампањата е дел од специјалната распродажба на брендот по повод Ноќта на вештерките, која трае од 24 до 31 октомври и нуди 30 отсто попуст. Со пораката дека оваа Ноќ на вештерките е време повторно да се оживее во SXTHSENSE, брендот си поигрува со границите на вообичаеното.
ФОТО: ИНСТАГРАМ