Олимпијакос го затегна првото место во Евролигата со победата на дербито на 27. коло против Барселона со 77-70, откако го освоија и вториот меч против каталонскиот гигант. Олимпијакос се врати во играта по лошата прва четвртина каде што Барселона беше во предност со 20-11, и до крајот на мечот беше подобар за својата 19-та победа оваа сезона. Шек Меккисик со 16 поени, Јанулис Ларенцакис со 15 поени и Саша Везенков со 14 поени беа креатори на големата победа на Олимпијакос. Во други мечеви, Партизан направи голем чекор кон пласман во плејофот со победа кај Виртус Болоња со 87-79, додека Басконија го изненади Реал Мадрид со 85-81 во шпанското дерби.
Победата на Челси над „милионерите“ ги води до четврт-финалето, но тие не се задоволни само со тоа.
78