Почетна ЕкономијаПерински најави реформи во ФЗО: Под лупа лекувањата во странство, боледувањата и ортопедските помагала

Перински најави реформи во ФЗО: Под лупа лекувањата во странство, боледувањата и ортопедските помагала

од nenad
1 минути читај за

Новото раководство на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) ќе го стави акцентот на три клучни области – лекувањата во странство, системот на боледувања и набавката на ортопедски помагала, најави директорот Златко Перински.

На средба со новинарите, Перински посочи дека овие сегменти ќе бидат предмет на засилени контроли и анализа, со цел поефикасно трошење на јавните средства и намалување на можните злоупотреби. Како основа за идните активности, тој го посочи и извештајот на Државниот завод за ревизија за работењето на Фондот во 2024 година.

Според директорот, во изминатиот период ФЗО исплатил околу 500 милиони денари, односно повеќе од осум милиони евра, за лекување на осигуреници во странство, поради што оваа област ќе биде меѓу главните приоритети во наредниот период.

Во однос на боледувањата, Перински информираше дека веќе се подготвени предлози за измени на системот, кои се доставени до релевантните здравствени институции и стручни здруженија. Целта, како што рече, е постапките да станат поедноставни, побрзи и потранспарентни, а истовремено да се спречат злоупотребите и да се обезбеди соодветна заштита за лицата кои навистина имаат потреба од привремено отсуство од работа.

Од Фондот најавуваат дека во наредниот период ќе се работи на подобра контрола и поодговорно управување со средствата, особено во областите кои ревизорите ги оцениле како најризични.