Во денешната епизода на Тешки муабети, поранешниот заменик-министер за економија, економист и бизнисмен, Зоран Витанов, вели дека македонците во дијаспората се поголеми патриоти од многу Македонци во Македонија.
По негово мислење, основната мисија на правосудниот систем е да ја гарантира сопственоста, ако правосудниот систем е суспендиран, тогаш дијаспората не сака да ги даде своите пари и својата мака овде во Македонија. Тој исто така заклучува дека албанската дијаспора не инвестира во Македонија, освен со моменталните структури на власт.
Зоран Витанов објаснува зошто излегол од политиката и се посветил на бизнисот. Во текот на разговорот тој објаснува и дека до 1998 година Македонија имаше комбиниран изборен модел и дека системот на судска и парламентарна демократија мора да се врати во Македонија. Тој исто така искажува своја загриженост за моралните вредности во политиката и забележува дека не е атрактивна работата во држави каде нема судска контрола.