Познатата пејачка на свет донесе здраво машко бебе, а породувањето поминало без компликации.
Пејачката Милица Тодоровиќ се породи пред помалку од еден час и на свет донесе здраво машко бебе, дознаваат српските медиуми. Породувањето поминало во најдобар ред, а и мајката и бебето се чувствуваат добро.
Милица, која во повеќе наврати истакнувала дека сака самостојно да го одгледува своето дете, го оствари својот најголем животен сон – да стане мајка. Блиски извори наведуваат дека пејачката е пресреќна и емотивна поради новата улога.
Поврзани објави
Интересно е што на почетокот ѝ било кажано дека носи девојче. Сепак, на последниот ултразвучен преглед лекарите утврдиле дека станува збор за машко бебе.
Како што пренесуваат медиумите, пејачката планира на својот син да му даде име по нејзиниот татко. Оваа одлука дополнително ја трогна јавноста и предизвика бројни честитки на социјалните мрежи.
printskrin youtube – blic milica todorovic