Пејачката открива зошто по трите неуспешни бракови повеќе не помислува на венчавка.
Поп-пејачката Наташа Беквалац отворено проговори за својот љубовен живот, признавајќи дека иако сè уште верува во љубовта, нема среќа во изборот на партнерите како моделот Данијела Димитровска.
По трите неуспешни брака, Наташа вели дека моментално не размислува за нова венчавка, но целосно ги поддржува жените кои по разводот повторно решаваат да ѝ дадат шанса на љубовта.
Поврзани објави
Ја поддржувам секоја жена која повторно стапува во брак и која живее во љубов, затоа што и јас ја сакам љубовта. Сакав брак, но, ете, ја немав среќата на Данијела Димитровска“, изјави Наташа.
Димитровска, по разводот со водителот Огњен Амиџиќ, ја пронајде својата среќа покрај бизнисменот Јеврем Косаниќ, а токму нејзината приказна Беквалац ја наведува како позитивен пример дека љубовта може да се случи – и по неуспехот.