Македонскиот спортист сподели емотивна порака за знамето, химната и љубовта кон татковината, но посебно им се обрати на младите.
Македонија не е само земја. Македонија е чувство“ – со оваа порака Тоше Зафиров го започна своето обраќање, споделувајќи што за него значат химната, знамето и настапот на светската спортска сцена.
Тој посочи дека секогаш кога ќе ја слушне македонската химна стои гордо, а кога ќе го крене знамето знае кого претставува. Зафиров нагласи и дека кога се натпреварува на меѓународна сцена, со него ја чувствува присутна цела Македонија.
Особено внимание посвети на младите, до кои упати едноставна, но силна порака – љубовта кон Македонија да ја покажуваат преку своите дела.
Сакајте ја Македонија со дела! Учете. Спортувајте. Создавајте. Победувајте“, порача тој.
Поврзани објави
Во своето обраќање, Зафиров им порача на младите слободно да го освојуваат светот и да ги следат своите цели, но притоа да не забораваат од каде потекнуваат.
На крајот ја испрати и пораката дека знамето не е само симбол што се носи во рацете, туку нешто што, според него, треба да се носи и во срцето.
Screenshot Facebook