Пејачката со новата песна „Други план“ испраќа јасна порака дека чувствата се поважни од материјалното
Пејачката Гога Секулиќ отворено признава дека луксузот никогаш не ѝ бил приоритет, туку искрената емоција. Како што вели, секогаш би избрала „стан на ден“ со саканата личност, наместо престој во скап и луксузен апартман без вистинска љубов.
Во четвртокот таа го промовираше својот нов сингл Drugi plan, придружен со спот кој веднаш привлече големо внимание. Оваа година пејачката одбележува 25 години кариера, период во кој изгради препознатлив музички стил и создаде низа хитови што и денес се слушаат на забави и настапи низ регионот.
Песната ја потпишува сараевскиот хитмејкер Феџа Имамовиќ, кој е автор и на музиката и на текстот. Нумерата носи силна порака за односите во кои материјалните нешта ја губат вредноста, што јасно се чувствува и низ стиховите во кои Гога порачува дека не ѝ требаат подароци, станови и луксуз, туку искрена блискост и љубов.
Реакциите од публиката се исклучително позитивни, а освен самата песна, големо внимание привлекува и изгледот на пејачката во спотот, како и нејзината препознатлива боја на глас. Инаку, таа моментално е една од најангажираните пејачки – во декември и јануари ја очекуваат повеќе од 20 настапи низ регионот и Европа, што покажува дека интересот за нејзината кариера не стивнува ни по две и пол децении на сцената.
printskrin youtube – goga sekulic