Смртта на поранешниот директор на Здравствен дом – Скопје ја потресе јавноста, откако беше објавено дека починал за време на одмор во Грција.
Тажна вест ја потресе македонската јавност попладнево. Почина д-р Виктор Исјановски, познат психијатар и поранешен директор на Здравствен дом – Скопје. Неговата ненадејна смрт предизвика огромна тага меѓу колегите, пациентите и граѓаните кои го познаваа.
Неофицијално, д-р Исјановски починал за време на летување во Грција. Вчера на социјалната мрежа Инстаграм, Владимир Ристов – Камењар објави фотографија од таверна во друштво со него и со кошаркарската легенда Перо Антиќ, што дополнително ја потресе јавноста.
Во периодот од јуни 2019 до 2024 година, д-р Виктор Исјановски беше на чело на најголемата здравствена установа во државата – Здравствен дом Скопје. Неговата работа остави силен печат, особено во критичните моменти кога државата се бореше со пандемијата на коронавирусот.
Македонските граѓани најмногу ќе го паметат по неговата посветеност и напорите за време на масовната вакцинација. Колегите и соработниците ќе го паметат како човек кој секогаш стоеше на страната на пациентите и здравствениот систем.
printskrin Youtube – isijanovski