Начинот на кој комуницираме со партнерот често има корени во детството, особено ако сме растеле во средина со постојани критики и без доволно простор за изразување на емоциите.
Начинот на кој се однесуваме во љубовните врски често е одраз на искуствата од детството. Луѓето кои пораснале со родители склони кон постојано критикување може подоцна да имаат проблеми со самодовербата, регулирањето на емоциите и комуникацијата со партнерот. Таквите искуства може да придонесат и за анксиозен стил на приврзаност.
Една од честите фрази е „Дали си лут/а на мене?“. Постојаното барање уверување и извинувањето за сопствените чувства може да потекнува од потребата детето внимателно да го следи расположението на родителот за да избегне критика. Слично, реченицата „Сè јас сум виновен/виновна“ покажува навика за преземање вина, која некогаш служела како начин за избегнување конфликти и казни.
Поврзани објави
Самокритичноста се препознава и во изјави како „Јас сум лош партнер“ или „Не требаше вака да биде“. Луѓето кои пораснале со постојани критики често стануваат перфекционисти и се обидуваат да ги контролираат ситуациите за да се чувствуваат сигурно. Кога ќе се појави конфликт, може да се повлечат или да почнат прекумерно да се извинуваат и да ветуваат дека ќе се променат.
Друг знак е негирањето на сопствените чувства – „Не сум лут/а, ветувам“ или „Не сакам да зборувам за тоа“. Наместо отворено да кажат што чувствуваат, тие може да се затворат и да избегнуваат тешки разговори од страв од осуда или отфрлање. Иако овие обрасци тешко се прекинуваат, нивното препознавање е важен чекор кон поздрава комуникација и подобри односи.
pexels – deca – nasilstvo – buling