Пејачката отворено за загубата на саканиот, новите предизвици во кариерата и заминувањето на колегите во конкурентски формат.
Пејачката Ана Бекута во искрен разговор откри детали за личните и професионалните предизвици со кои се соочува последниве години. Во интервју таа зборуваше за тоа колку ѝ недостасува нејзиниот покоен партнер Милутин Мркоњиќ, за враќањето на сцената по шестгодишна пауза и за судбината на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“. Освен тоа, коментираше и за колегите кои го напуштија жирито и се приклучија на конкурентската програма.
Бекута откри дека паузата во настапите се должела на комбинација од непредвидени околности – пандемијата, лична загуба и реновирање на концертната сала. Сега, со нов полет, ја најави прославата на 40 години кариера со два големи концерти во Сава Центар, првиот бил распродаден во рекордно време. Таа вели дека изборот на песна за отворање ќе остане изненадување за публиката.
Говорејќи за „Ѕвездите на Гранд“, Бекута нагласи дека нема намера да го напушти жирито. За заминувањето на Вики Миљковиќ, Босанац и други членови, таа смета дека секој имал свои „дебели причини“. За Марија Шерифовиќ, пак, вели дека станало збор за презаситеност и желба да ѝ се посвети на семејството. Иако не се појави во финалето оваа година, објаснува дека причината била промена на датумот и веќе закажани настапи.
Поврзани објави
Во врска со шпекулациите дека „Гранд“ е во криза, Бекута е категорична дека шоуто нема лесно да згасне по 22 успешни години. За новата членка Дара Бубамара вели дека ќе внесе свежина, а на изјавите на Јелена Карлеуша и Аца Лукас дека шоуто изгубило смисла, одговара со предизвик:
Нека покажат повеќе и подобро – ајде на црта!“.
Конкуренцијата од „Пинковите ѕвезди“ не ја плаши, туку ја гледа како поттик за уште поголем ангажман.
printskrin Youtube – blic ana bekuta