Table of Contents
ОВЕН
Работа: Иако многумина ќе бидат изненадени од вашите потези, тоа не треба да ве загрижува, бидејќи ви се отвора нов професионален период во којшто вашите нови идеи, проекти и разни договори би можеле успешно да се реализираат.
Љубов: За слободните овни и понатаму постои можност да се вљубат на прв поглед, доколку веќе не им се случило тоа.
Здравје: Многу добро.
БИК
Работа: Уште еден поволен работен ден ги очекува биковите за да се истакнат професионално и да се наметнат како лидери во своето работно опкружување.
Љубов: Внесете повеќе позитивна енергија во вашиот однос, ова е поволен период за да се посветите и на некои семејни вредности.
Здравје: Бидете умерени во сè.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Можни се ненадејни проблеми во секојдневното функционирање, и тоа, пред сè, од техничка природа, врз кои нема да можете многу да влијаете.
Љубов: Фокусирајте се на личноста што ја сакате и обидете се да создадете што подобра и попозитивна атмосфера.
Здравје: Ослободете се од стресот и напнатоста преку физичка активност.
РАК
Работа: Може да дојде до одложување или поместување на роковите за некои проекти или можни се проблеми со документи.
Љубов: Можно е саканата личност пријатно да ве изненади со некој убав подарок.
Здравје: Наспијте се доволно.
ЛАВ
Работа: Обрнете им внимание на обврските што ви се во застој, завршете со папирологијата, бидејќи подоцна нема да можете сè да завршите навреме.
Љубов: Слободните лавови или не знаат што сакаат или сè уште не се подготвени да се впуштат во сериозна врска, а предизвици има и ќе ги има.
Здравје: Можни осцилации на крвниот притисок.
ДЕВИЦА
Работа: Обрнете особено внимание на проблеми со документацијата и папирологијата, а постои можност и за технички проблеми со интернетот, телефоните, компјутерите и, генерално, протокот на информации.
Љубов: Можно е да дојде до замерувања и ситни кавги, и тоа поради ситници и неважни работи.
Здравје: Можни кардиоваскуларни проблеми.
Поврзани објави
ТЕРЕЗИЈА
Работа: Бидете внимателни во комуникацијата со соработниците, бидејќи конкуренцијата не спие, а можни се и озборувања, во кои никако не би требало да се вмешувате.
Љубов: Зафатените претставници на знакот терезија би требало да уживаат во заедничките излегувања и дружби со пријателите.
Здравје: Одморете се доволно.
СКОРПИЈА
Работа: Некои ваши идеи ќе мора да добијат одобрување од надредените, обидете се да ги наметнете и да станете лидери на новиот проект.
Љубов: Слободните скорпии и понатаму се премислуваат и несериозно ги сфаќаат можностите што им се нудат. Додека не пробате, нема да знаете на што сте.
Здравје: Чувајте се од вирусни инфекции.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Обрнете особено внимание на соработниците доколку сакате да покренете некаква иницијатива за здружување.
Љубов: Денес би ви годела домашна варијанта, евентуално поканете ги заедничките пријатели на дружење.
Здравје: Водете сметка за исправноста на намирниците што ги консумирате.
ЈАРЕЦ
Работа: Не ве очекуваат некои сериозни препреки кога станува збор за реализацијата на тековните обврски, можеби ќе бидете зафатени со решавање бројни папирологии, но и тоа успешно ќе го завршите.
Љубов: Опуштената атмосфера ќе ви даде добар поттик да покажете желба и волја за малку поголем ангажман во сферата на љубовта. Уживајте.
Здравје: Бидете внимателни во сообраќајот.
ВОДОЛИЈА
Работа: Солидните резултати на крајот од работниот ден се возможни, но со многу вложено време и труд. Можни се зголемени трошоци.
Љубов: Малите чекори и неколкуте ситни позитивни работи, сепак, се солиден мотив за да се активирате колку-толку на полето на љубовта.
Здравје: Многу добро.
РИБИ
Работа: Занимавајте се со секојдневните обврски, кои ги имате на претек, и полека подготвувајте го теренот за новите професионални можности и промени што допрва ве очекуваат.
Љубов: Добро би било да не се потпирате на помошта и поддршката од другите, бидејќи во овој момент можеби нема да ви дадат правилен совет или мислење.
Здравје: Ви треба психофизичка релаксација.