Почетна Убавина и здравјеОва е списокот на сите операции кои ги направила (ФОТО) – Убавина и здравје

Ова е списокот на сите операции кои ги направила (ФОТО) – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Семи Шин одговори на негативните коментари за нејзиниот изглед откривајќи што сменила кај себе, но и дека не застанува тука.

Ќерката на познатата актерска двојка Чарли Шин и Дениз Ричардс, Семи Шин поради многуте негативни коментари за нејзиниот изглед, одлучи да се огласи и да признае што сменила на себе.

Имено, Семи почна да добива критики откако откри дека го оперирала носот, па тоа ја мотивира да им одговори на лошите коментари и да испрати јасна порака до оние кои „ѝ се мешаат во животот“.

Наводно, налутив многу луѓе со операцијата на носот, па решив да налутам уште повеќе луѓе со тоа што ќе ви ги кажам сите процедури што сум ги направила“, рече Семи и откри дека првата процедура ја направила на 18 години.

На 18 години првпат ги зголемив усните со филери и секоја година одам на ‘ремонт’“, откри таа и додаде дека премногу ги истакнува усните, и дека мисли дека станала зависна од тоа.

Беше и на ботокс, но тоа не ѝ е добро искуство.

Ставив ботокс во челото и го мразев. Всушност, го ставив за да ги подигнам веѓите, но го направи сосема спротивното. Јас сум една од ретките луѓе на кои ми го спушти целото лице. Изгледав ужасно, па го оставив да се стопи природно и никогаш повеќе не го ставив”, открива Семи.


Поврзани објави

Таа откри дека примила инјекции на филер во носот обудувајќи се да го исправи и да го подигне повеќе, но не забележала некои позначајни резултати, па на крајот се одлучила за ринопластика – двапати ја направила процедурата.

Оваа атрактивна убавица претходно призна дека одлучила да направи пластична операција бидејќи во детството била малтретирана од врсниците поради нејзиниот изглед, но и во средното училиште, каде што ѝ велеле дека изгледа „како татко ѝ“.

@samisheen #plasticsurgery #lipfiller #nosejob #veneers #transparent ♬ original sound – sami sheen

Фото: Инстаграм

Видео: ТикТок