Меган Маркл и принцот Хари присуствуваа на затворањето на Игрите Инвиктус во Дизелдорф
Инвиктус е натпревар за поранешни војници, кој се одржува во различни земји од 2014 година на иницијатива на принцот Хари. На самото затворање, сопругата на Хари, Меган Маркл во јавноста се појави во раскошен фустан со отворени раменици од американскиот бренд Cult Gaia. Војвотката од Сасекс го комплетираше изгледот со беж чевли со високи потпетици од Aquazzura.
Поврзани објави
Сопругата на принцот Хари ја собра косата во измазнета пунџа, а на шминката акцентот го стави на бронзени нијанси, односно на очите. Принц Хари пак, за настанот избра црн костум и црна кошула, кои ги комбинираше со класични елегантни чевли.
Инаку, на затворањето присуствуваа и пејачите Рита Ора и Сем Рајдер со кои војводите со задоволство позираа.