Камила Кабелјо се најде во центарот на вниманието кога се дозна дека е во врска со згоден милијардер, од кој извесно време не се одвојува.
Пејачката Камила Кабелјо ужива во љубовта со милијардерот Хенри Јуниор Шалуба, со кој неодамна беше видена во Рим.
Парот не се крие подолго време, но овој пат Камила не е главна тема поради богатиот наследник, туку поради нејзиниот изглед.
Навикнати сме предизвикувачката пејачка да ја користи секоја пригода да ги истакне своите атрибути, а сега ја објави „најобичната“ фотографија во бикини.
Поврзани објави
Камила објави серија од неколку фотографии од одморот, на кои може да се види дека уживала со своето момче и својот миленик, а прва меѓу нив е токму во бикини.
Пејачката избрала едноставен црн модел, кој секако ќе биде модерен кога ќе дојде сезоната на нашите простори.
Фото: Инстаграм