Оваа жена спиела со 20 години постар маж и за неа тоа било посебно искуство, но едно нешто особено ја изненадило
Јана Хокинг (29) од Австралија ја споделила својата возбудлива исповед откако се впуштила во неочекувана, страсна авантура со 20 години постар маж, кој бил на иста возраст како нејзиниот татко.
Открила дека тој ја освоил на многу шармантен начин, додека таа на почетокот одбивала да флертува со него.
„Со години барав потенцијални партнери преку апликации за запознавање и кога решив да престанам со тоа, го доживеав најголемото изненадување во мојот живот. Преку заеднички пријатели запознав постар маж и не ни помислив дека би можело да се случи нешто меѓу нас“, раскажала таа и додала:
„Кога слушнав колку години има, само одмавнав со раката. Но нему не му пречеше разликата од 20 години и почна да флертува со мене. Беше многу шармантен и забавен, но јас на почетокот ги одбивав сите негови обиди.“
И покрај тоа што ја шармирал, Јана ги одбила сите негови обиди да преминат на нешто повеќе. Но сè се променило по една забава.
Поврзани објави
„Иако ми ласкаше тоа, ниту еднаш не помислив дека тој би можел да ми биде љубовник. Сè се промени откако отидов на забава кај него. Тоа беше најубавата ноќ во мојот живот и тој целото време ме опсипуваше со внимание. Ништо не се случи таа ноќ, но наредното утро, кога видов порака од него, ми заиграа пеперутки во стомакот. Не ми беше јасно што се случува“, признала таа.
Јана набрзо сфатила дека постојано мисли на шармантниот маж, па уште побрзо паднала на неговиот шарм и му се препуштила во секоја смисла.
„Цел ден мислев на него. Кога ме покани да излеземе таа вечер, не можев да дочекам да го видам повторно. Беше неверојатно привлечен, сериозен и разговаравме за сè. И полека почнав да заборавам дека му е врсник на мојот татко. По неколку пијачки завршивме во неговиот стан и сексот беше фантастичен. Водевме љубов пет пати таа ноќ и тој беше вистинска машина во кревет“, објаснила Јана.
Наредните недели редовно се гледале и таа почнала да се вљубува во него, но за жал, нивната приказна нема среќен крај.
„Тој е првиот маж со којшто сум се чувствувала така, иако, искрено, да го имав видено на Тиндер, сигурно не би му дала шанса. Но потоа следеше тотален шок. По еден месец врска, мојот љубовник ми се јави и ми кажа дека ми раскинува. Не можев да поверувам, не сакаше ни да ми објасни зошто ме остава.
Иако бев разочарана од ваквиот крај, не се каам ни за момент. Излезе дека повозрасните мажи и тоа како имаат што да понудат“, заклучила Јана Хокинг.