Почетна Убавина и здравјеНо изгледа се заинатила, па сега е во топ-форма! – Убавина и здравје

Но изгледа се заинатила, па сега е во топ-форма! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Рија Дарам некогаш била манекенка, но откако се омажила, видно го занемарила изгледот

Актерот Марк Валберг многу внимава на својот изглед, а неговиот начин на исхрана и вежбање многумина го сметаат за бизарен. Минатата година зборувал дека си легнува во 19.30, за да се разбуди околу 2.30 часот, а потоа вежба, медитира, се моли, работи и чека децата да се разбудат, па повторно вежба, а првпат јаде дури околу пладне.

„Ова веќе не е поради естетика, туку поради желбата да живеам долго и здраво“, изјавил Марк кој изгледа барем една деценија помладо, а има дури 53 години.

Додека тој вежба, неговата сопруга Рија Дарам како да заборавила дека некогаш била манекенка. Кога минатата година се појавила покрај Марк на Барбадос, сите светски медиуми пренесоа дека е „целата со целулит“ и дека не се грижи за себе.

И самата има изјавено дека едвај дочекала да биде само домаќинка и да се грижи само за децата, додека Марк се грижи за нивната финансиска ситуација.

Но откако коментираа дека изгледа постаро од сопругот, Рија изгледа се заинатила, па видно ослабнала и сега е во топ-форма!


Поврзани објави

Двојката има четири деца: Ела (20), Мајкл (17), Брендон (15) и Грејс (13). И оваа година, како и секоја, за празниците отпатувале на Барбадос, да уживаат на плажа и во топло море, но овој пат сликата била поинаква. Рија ослабнала најмалку 10 килограми, го затегнала своето тело и гордо прошетала во танга-гаќички, без да ги крие своите адути.

Не се знае точно како успеала да ослабе, бидејќи и самата Рија го смета режимот на исхрана и вежбање на својот сопруг за бизарен.

Но што и да направила, одличните резултати се очигледни. Секоја чест!

Еве како изгледала порано, а како изгледа сега: