Почетна ТехнологијаСедум загинати во израелски напад врз болница во Газа

Седум загинати во израелски напад врз болница во Газа

од nenad
1 минути читај за




Цивилната одбрана на Газа денеска соопшти дека најмалку седум лица загинале во напад на болница во која, според израелската армија, биле борци на палестинската исламистичка организација Хамас. Во израелскиот напад на горниот кат на болницата Ал-Вафа во централниот дел на градот Газа, неколку луѓе се ранети, се додава во соопштението. Израелската војска соопшти дека извршила „целен напад“ врз единицата за воздушна одбрана на Хамас која го користела објектот како команден центар „за подготовка и извршување терористички напади“, пренесе АП.

Се вели дека зградата во моментов не се користи како болница, а Министерството за здравство на Хамас соопшти дека објектот е „делумно функционален“. Директорот на Министерството, Мунир ал-Барх, за АП изјави дека во погодениот објек има пациенти со посебни потреби а  болницата била реновирана и се подготвувала да прими нови пациенти во наредните денови доколку не беше погодена денес.

Нападот на болницата Ал-Вафа уследи еден ден по завршувањето на големата израелска операција во која, според Светската здравствена организација, последната голема болница на северот на Газа, Камал Адван, била уништена. Израелската армија го уапси директорот на болницата, д-р Хосам Абу Сафија, за кого се сомнева дека е екстремист на Хамас. Израел на 6 октомври ја засили воздушната и копнената офанзива во северниот дел на Појасот Газа за да спречи прегрупирање на борците на Хамас. Армијата редовно го обвинува Хамас дека користи болници за подготовка и напади врз војници, што исламистичката организација го негира.