Томи Ли, поранешниот сопруг на Памела Андерсон, е познат по својот ексцентричен стил на живот
Тапанарот Томи Ли, поранешниот сопруг на Памела Андерсон и некогашен член на бендот Motley Crue, повторно ѝ го привлекол вниманието на јавноста, овој пат поради неговиот необичен став за хигиената. Имено, неговата сегашна сопруга Британи Фурлан во еден подкаст открила дека Томи има по малку невообичаени навики кога станува збор за секојдневното туширање, што ја шокирало, но и заинтригирало јавноста.
Томи Ли и неговите хигиенски навики
Британи во разговорот истакнала дека и покрај стереотипите за рокерите, нејзиниот сопруг го одржува домот среден. Сепак, она што изненадило многумина е фактот дека Томи не се тушира често.
„Мојот сопруг е многу педантен, што не се очекува од музичар како него. Можеби не се тушира често, но не остава неред зад себе“, рекла Британи.
Поврзани објави
На прашањето на водителката да појасни што точно значи тоа „не се тушира често“, Британи открила дека нејзиниот сопруг се тушира само еднаш неделно.
„Томи не е голем љубител на тушевите. Се тушира еднаш неделно и тоа е тоа. Тој е роден во Грција и понекогаш имам чувство дека неговото однесување има врска со европскиот стил на живот. Тоа не ми пречи, бидејќи тој и понатаму ми е згоден и привлечен“, објаснила Британи.
Водителката на подкастот се обидела да извлече уште некоја информација од Британи и успеала во тоа, бидејќи Британи почнала да објаснува дека и неговата мајка му велела дека не мора да се тушира секој ден.
Имено, Британи Фурлан рекла дека мајка му на Томи Ли, инаку мисица на Грција, знаела да го намокри пешкирот и да ги замие деловите за кои мислела дека „се чувствуваат“. Од друга страна, за себе вели дека се тушира секоја вечер и дека ја мие косата барем еднаш неделно, како и дека тоа е дел од нејзината рутина, бидејќи многу внимава на хигиената.
ФОТО: Инстаграм @tommylee, @brittanyfurlan