Иако тврдат дека се во добри односи, средбата пред студио откри поинаква слика
Познатата српска пејачка Рада Манојловиќ има полубрат Ненад, кој исто така се занимава со музика. Иако јавноста веруваше дека односите меѓу нив се коректни, неодамнешна ситуација пред студио во Белград покажа сосема поинаква реалност.
Како што пренесуваат српските медиуми, Ненад и Рада се сретнале пред заедничко гостување во телевизиска емисија, но наместо топол семеен момент, следувало игнорирање. Сведоци велат дека Ненад буквално ја „искулирал“ својата сестра, иако таа видно се израдувала што го гледа.
Од неговите очи извираше омраза. На Ради ѝ беше непријатно, но и сите околу нив беа изненадени од неговото однесување. Тој не ѝ пријде ниту еднаш, иако беше со другите колеги во пријателска атмосфера“ – изјавил извор за медиумите.
Поврзани објави
Дополнително, изворот посочува дека Ненад некогаш тврдел оти ѝ понудил дует на Рада, но таа го одбила. Меѓутоа, вистината наводно е дека таква понуда никогаш не постоела, и дека Рада, која важи за отворена за соработки, не би одбила да пее со својот брат.
Овој инцидент доаѓа во време кога Рада поминува низ тежок период по прекинот на врската со Владимир Ранковиќ, за кого се шпекулираше дека ќе ѝ стане сопруг.
printskrin Youtube-HYPE TV