По враќањето од тешка здравствена борба, водителот доби гест кој никогаш нема да го заборави.
По прележан мозочен удар, познатиот водител Жика Јакшиќ првпат повторно застана на сцената во емисијата „Никогаш не е доцна“. Иако откри дека сè уште нема целосна моторика во десната рака, решен е да продолжи со работа и да им се врати на публиката и колегите.
На снимањето го пречека емотивен момент што никого не остави рамнодушен. Неговата долгогодишна пријателка и колешка Весна Милановиќ му подари црвена ружа – првата што некогаш ја добил, што Жика го нарече „подарок на душата“.
Овој гест многу ме трогна. Весна за време на моето отсуство секојдневно ме поддржуваше и се интересираше за моето здравје. Таа не е само колешка, туку вистински пријател,“ изјави водителот видно возбуден.
Поврзани објави
Тој призна дека најмногу му недостигале публиката и работата.
Кога повторно ја видов сцената, сфатив колку ми недостасува. Сега сум тука и нема да одам никаде,“ порача Жика со широка насмевка.
printskrin Youtube – nikad nije kasno zika