Пејачот зад себе има низа драматични несреќи, од кои една била речиси кобна
Познатиот пејач Амар Гиле Јашарспахиќ денеска имал сообраќајна несреќа на автопатот А1 кај Какaњ, по што веднаш бил префрлен во болница. Иако оваа вест ги вознемири неговите обожаватели, уште повеќе загрижува фактот дека ова не е првиот пат кога пејачот се соочува со вакви трагични ситуации на патиштата. Според информациите, тој досега имал најмалку четири сообраќајки.
Првата посериозна несреќа ја доживеал во 2014 година, во близина на Фоча, кога автомобилот во кој се возел излетал од патот и се превртел. Тогаш со него била и девојка која останала без заби, додека Јашарспахиќ поминал само со повреди од удари. Две години подоцна, во 2016-та, доживеал вистинска драма – во тешка несреќа на патот Белград – Какaњ животите ги загубиле три лица, а тој бил единствениот кој преживеал.
Низ вакви трагични искуства пејачот минал и во 2019 година, кога на пат кон Белград имал уште една сообраќајка, за среќа со полесни последици.
Денешниот инцидент само ја потврдува серијата несреќи кои го следат Амар низ годините. И покрај сето тоа, тој успева да продолжи со музичката кариера, но обожавателите со загриженост коментираат дека е вистинско чудо што секогаш успева да ја избегне трагичната судбина.
printskrin Youtube – amar gile – hype tv