Бред Пит се вратил во Холивуд од Нов Зеланд, за да го промовира новиот филм, а сите зборуваат за неговиот избор на облека
Бред Пит се вратил во Холивуд и сите полуделе по него. Рака под рака со Инес де Рамон, девојка му која е 29 години помлада од него, Брек се погрижил да биде забележан и веродостојно да го промовира новиот филм за Формула 1.
Можеби е имун на стареење, но не и на средовечната криза, и тоа го докажува неговиот бизарен избор на облека:
„Што е ова?“, се прашуваат корисниците на социјалните мрежи под најновите фотографии на најубавиот холивудски актер.
Во саботата вечерта бил виден во преголемо сомотско сино сако, со кошула со линии и фармерки со висок струк.
Пред тоа бил виден во зелена маица и избелени сиво-зелени панталони со флеки, така што стајлингот потсетувал на работната облека на некој молер.
Поврзани објави
Сепак, најголем впечаток оставил во свилена кошула и скинати широки панталони, кои ги носел на состанок во двојки со Бредли Купер и девојка му Џиџи Хадид.
„Што е ова? Мислам дека под итно му треба стилист“, „Се плашам дека оваа облека вреска: криза на средните години“, се најчестите коментари на социјалните мрежи.
Бред Пит кој досега има излегувано со познати актерки е познат како човек „пресликувач“. Имено, тој со години го пресликува стилот на своите девојки, свршенички и сопруги. Го менува стилот во зависност од жената со која е во врска.
Сега се чини дека го отфрлил сето тоа и одлучил да се облекува како што сака, бидејќи неговиот стил драстична отскокнува од стилот на Инес де Рамон со која моментално е во врска.
„Премногу е исцрпувачко да се следат трендови. И презирам билборди: едноставно, не сакам да бидам билборд. Стареам, станува раздразлив, а удобноста станува поважна“, рекол Бред Пит пред неколку дена.
ФОТО: Инстаграм