Моника Белучи е една задоволна и среќна жена, која блеска во 60. година додека гордо чекори покрај својот нов партнер Тим Бартон
Италијанската актерка Моника Белучи се појавила на Филмскиот фестивал во Таормини облечена во тесен црн и проѕирен фустан од тантела, под кој јасно се наѕирале нејзините црни гаќички.
Многу задоволна и сигурна во себе, Моника во ова издание излегла да прими награда, додека друштво ѝ правел партнерот, познатиот режисер Тим Бартон.
На прагот од седмата деценија, Моника успешна ги комбинира класичната елеганција, мистеријата и готските ноти во фустан со послободен крој. Атмосферата под ведрото сицилијанско небо идеално се вклопила со нејзиниот стајлинг на готика и темни нијанси. Моника со овој фустан носела мала црна плик-чантичка, дискретен накит, додека очите ги нагласила со потемна шминка, а на усните имала кармин во нуд нијанса.
Поврзани објави
Овој необичен и доста послободен стајлинг на италијанската актерка може да биде доказ дека Моника ужива во врската со Тим и дека се чувствува заводливо и добро во својата кожа.
Нејзиниот партнер, Тим Бартон, носел црн костим и кошула, кои совршено се вклопувале со стајлингот на Моника Белучи.
Двојката официјално е во врска од октомври 2023 година, кога заедно работеа на филмот „Битлџус“.
ФОТО: Инстаграм