Откако пред две години Тамара Тодевска и Александар Димитревски – Мачка му ставија точка на својот 7-годишен брак, пејачката е во хармонична врска со архитектот и дизајнер Лука Радовиќ, а според „градските муабети“, бившиот кошаркар наскоро повторно ќе стапне на „лудиот камен“ со новата избраничка.
„Да, точно е дека се разделуваме, но апсолутно дека ќе одржуваме редовна комуникација. Ние имаме две деца, и многу е здраво и нормално децата да можат да растат и да поминуваат време и со својот татко. Ова не е ниту прв ниту последен случај. Тоа што за мене искрено е многу важно, тоа се децата, нивните права и интереси да останат заштитени. Јас ја разбирам работата на медиумите и потребата од ексклузивни информации, но во овие моменти најмногу мислам на децата, кои сакам да останат на страна од оваа приказна, особено од медиумски преписки и слично. И Хана и Дарен посетуваат училиште, градинка, веќе не се мали, разбираат и одговорноста на мене и Мачка е голема, пред сѐ да ги заштитиме нив“, изјави за нашиот портал популарната пејачка Тамара Тодевска по одлуката да се разведе со Александар Димитревски Мачка.
Разбирливо, бившите сопружници се во добри односи поради своите наследници, а добра вест е што и обајцата продолжија со животот и уживаат во љубовниот однос со новите партнери.
А дека навистина во домот на популарната пејачка владеат љубов и хармонија докажа и објавата што осамна на инстаграм-профилот на Лука. Имено, архитектот објави како изгледа списокот намирници што му го оставила саканата, задевајќи ја дека е напишан директно од нејзината рака.
Ништо технологија, само стара школа“, објасни Лука во описот на објавата.
Поврзани објави
Погледнете:
Судејќи од приложеното, во кујната на Тамара се прават палачинки, на трпезата има место за слатко, а секако, тука се и дреболиите за Хана и Дарен.
Фото: Printscreen Instagram @radovic_lukaa