Јадете ги со кајмак, ќебапчиња, плескавици…
Состојки:
- 360 г брашно
- 250 мл млака вода
- 16 г свеж квасец
- 1 лажиче шеќер
- 1 лажиче сол
- 1 лажица масло
Приготвување:
1. Измешајте квасец со млака вода и шеќер. Добро промешајте и оставете да отстои 15 минути.
2. Додајте пола од брашното во смесата со квасецот и изматете. Потоа, додајте ја другата половина од брашното и сол. Матете непрекинато.
Поврзани објави
3. Тестото треба да биде како гума. Потоа, додајте масло и замесете тесто со раце. Покријте го тестото со проѕирна фолија и оставате да отстои 20 минути.
4. На добро набрашнета работна површина, поделете го тестото на 4 топчиња. Секое топче посипете го со брашно и покријте го со проѕирна фолија. Повторно оставете ги да отстојат 20 минути.
5. Потоа, расучете ги топчињата во лепчиња и повторно посипете ги со брашно. Преку секое од нив ставете проѕирна фолија и оставете го да отстои 15 минути.
6. Ставете ги лепчињата во подмачкан плех, пресечете ги со нож во должина и попреку и печете ги 10 минути на 275 степени во претходно загреана рерна.
7. Извадете ги од рерна и попрскајте ги со вода, па покријте ги со крпа и оставете ги да отстојат 15 минути за да омекнат.
ФОТО: Liana S /Unsplash