11
Чорбата може да се закисели и со лажица сок од лимон
Состојки:
- 300 г компири
- 300 г блитва
- помала главица кромид
- 1 чешне лук
- 100 мл кисела павлака
- 2 јајца
- сол, бибер, зачини
- масло
Поврзани објави
Приготвување:
1. Ситно исечкајте кромид и лук и пропржете ги на малку масло, па сипете литар вода. Кога ќе зоврие, додајте компир исечкан на коцки, блитва, мешан зачин и гответе на умерена температура околу 25 минути.
2. Со миксер или во блендер, измешајте ја чорбата, посолете и забиберете. Вратете ја на тивок оган и во неа полека сипете изматени јајца со кисела павлака. Потоа, чорбата е готова.