Рајовиќ се огласи на својот Инстаграм и објасни зошто ја донел оваа одлука…
Јавноста беше изненадена од веста дека по долго време Црна Гора повторно ќе се натпреварува на „Евровизија“ која следната година ќе се одржи во Швајцарија.
Меѓу кандидатите кои ќе ја имаат честа да ја претставуваат својата земја се најде и пејачот Бобан Рајовиќ. Неодамна за медиумите изјави дека би сакал да се појави на сцената на престижно музичко натпреварување, но тоа нема да се случи.
Имено, тој сега на својот Инстаграм објави дека се повлекува, иако има подготвена песна.
Поврзани објави
Драги мои следбеници! Пред се поради приватни обврски и недостаток на време, принуден сум да се повлечам од „Монтесонг“. Мислам дека е непотребно да зборувам за мојата желба да ја претставувам Црна Гора на Евровизија, но едноставно не требаше да биде оваа година, што не значи дека мојата желба нема да се оствари во иднина. Искрено би сакал да победи најдобрата песна, а би сакал да победи онаа за која народот најмногу гласа. Ви благодариме на разбирањето – напиша Бобан Рајовиќ во објавата.
Фото: printskrin Youtube/VOSTCAST и Instagram printscreen/rajovicboban
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: