Почетна ЕкономијаНамалена видливост поради магла на одредени патни правци низ државава.

Намалена видливост поради магла на одредени патни правци низ државава.

од nenad
0 минути читај за

Поради густа магла, видливоста е значително ограничена на повеќе сообраќајници низ земјава, информира ЈП „Македонија пат“, упатувајќи апел за одговорно управување со возила.

„Видливоста е намалена до 30 метри на патот Жировница – Луково, а во близина на Тетово, Штип, Петровец и Демир Капија, таа изнесува 150 метри“, се наведува во официјалното соопштение.

Дополнително, од претпријатието истакнуваат дека сообраќајот на магистралните и регионалните патишта се одвива без застој, на претежно суви коловози. Сепак, на одредени делници кои минуваат низ засеци и кањони, постои можност за појава на поситни одрони.