Почетна ЕкономијаАкција на ЈП „Национални шуми“: Запленети нелегално исечени дрва во Кумановско-липковскиот регион

Акција на ЈП „Национални шуми“: Запленети нелегално исечени дрва во Кумановско-липковскиот регион

од nenad
1 минути читај за




На едно од видеата од акцијата се гледа како екипите на претпријатието со моторни пили сечат стебла, за кои директорот Кире Михаилов вели дека се поставени препреки за надлежните да не можат да стигнат до диво исечените дрва. „Пожарите ги пустошат македонските шуми во текот на летниот период, но дрвокрадците ги пустошат во текот на целата година“, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, информирајќи за акцијата
Голема акција за заплена на дива сеча на дрва вчера и завчера била реализирана во Кумановско-липковскиот регион.

За акцијата преку објави на социјалните мрежи информираше заменик-директорот на Јавното претпријатие „Национални шуми“, Кире Михаилов, кој сподели и видеа од ангажманот на екипите на претпријатието над селото Никуштак во општина Липково. На едно од видеата се гледа како екипите на претпријатието со моторни пили сечат стебла дрва, за кои Михаилов вели дека се поставени препреки за надлежните да не можат да стигнат до диво исечените дрва.

„Имаме поголемо количество на одземени дрва. Нашите екипи заедно со крим-полицијата се горе, меѓутоа додека да стигнат екипите и да ги одземат дрвата, патот ни е препречен со исечени стебла. Вакви препреки има до горе и мораме со екипите да го расчистиме теренот за да стигнеме до дрвата кои ќе бидат конфискувани“,вели заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“.