Почетна Убавина и здравјеМус-торта од лимон за 10 лица – Убавина и здравје

Мус-торта од лимон за 10 лица – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Тортата е круна на секоја прослава – пригответе величествен деликатес што може се спореди со оние што ги приготвуваат искусните слаткари!

Состојки:

  • 250 г мелени бисквити • 140 г путер • 2 лажици кафен шеќер

За филот:

  • 4 јајца • 200 г шеќер • 100 мл сок од лимон • 10 г желатин • 400 мл слатка павлака

Поврзани објави

Приготвување:

Се мешаат мелените бисквити, шеќерот и стопениот путер во сад. Тркалезен калап со димензија 26 см се прекрива со проѕирна фолија, а потоа смесата се втиснува на дното на калапот, формирајќи кора. Се остава во фрижидер да се стегне.

За приготвување на филот, се мати желатинот со 4 лажици ладна вода и се остава да набабри. Посебно се матат јајцата со шеќерот и лимоновиот сок, па смесата се вари на пареа околу 5 минути, со непрекинато мешање, додека се згусне. Во врелиот фил се додава приготвениот желатин и се меша додека се стопи. Се мати слатката павлака во шлаг, а потоа внимателно се поврзува со млакиот фил.

Се нанесува филот преку кората и се рамни. Се остава тортата прекуноќ во фрижидер, да се зацврсти. Се украсува со шлаг и со резанки од лимон по желба.

Текст: Наташа Човиновска