Table of Contents
Просото е една од најздравите житарки која не содржи глутен, а бонус е тоа што го стабилизира нивото на шеќер во крвта
Просото се смета за најстарата житарка на светот, а луѓето ја користат во исхраната повеќе од 7.000 години. Потекнува од Азија и Африка, а денес се користи за чорби, каши, лебови и слично.
Со оглед на тоа што не содржи глутен и што може да го стабилизира нивото на шеќерот во крвта, исклучително е поволна за секојдневна исхрана. А особено може да ја користат луѓе кои сакаат да ослабат, бидејќи дава долготрајно чувство на ситост.
Како правилно се готви просо?
Измерете една шолја просо и измијте го добро. Потоа, во тенџере ставете ја шолјата просо и 3 шолји вода и оставете го да врие на тивок оган, додека просото ја впие целата течност.
Супа од тегла
Поврзани објави
Во тегличка ставете сок од домати, просо, грашок, пченка и рендан морков. Додајте сол и бибер. Кога ќе сакате да јадете, зовријте вода, па сипете ја во тегличката и уживајте во топлата супа на работа.
Оброк-салата од просо
Земете сварено просо, зеленчук по избор, чадено тофу или суво месо. Сето тоа измешајте го и прелејте го со малку маслиново масло и зачини. Уживајте.
Чоко-пудинг од просо
Сварете го просото во млеко, додајте какао и овошје по избор, па сето тоа убаво спакувајте го во тегличка. Уживајте.