Почетна ЕкономијаМицкоски: БРТ ќе биде ставен во функција и ќе придонесе кон поефикасно и побрзо движење низ Скопје

Мицкоски: БРТ ќе биде ставен во функција и ќе придонесе кон поефикасно и побрзо движење низ Скопје

од nenad
1 минути читај за

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека партијата има конкретен план за решавање на проблемот со јавниот превоз во главниот град. Тој порача дека системот на брз автобуски превоз (БРТ) ќе биде ставен во функција и ќе придонесе кон поефикасно и побрзо движење низ Скопје.

„Јавниот превоз е еден од најгорливите проблеми на граѓаните. Нашата визија е модерен, брз и сигурен транспорт кој ќе биде вистинска алтернатива за скопјани,“ изјави Мицкоски.

Проектот за БРТ, кој беше најавен пред повеќе години, сè уште не е реализиран во целост. Мицкоски најави дека со промена на раководењето во Град Скопје, овој проект конечно ќе биде доведен до крај и ќе почне да функционира во интерес на граѓаните.