На социјалните мрежи се појави ретка фотографија од пејачката Снежана Ѓуришиќ, стара 34 години…
Пејачката Снежана Ѓуришиќ, која неодамна одбележа 55 години успешна кариера, изненади со фотографија од својата приватна архива. Станува збор за снимка од 1991 година, на која се гледа како лежи во кревет со откриени рамена и покрај себе го држи својот верен пес.
Фотографијата предизвика голема реакција на социјалните мрежи, бидејќи приватниот живот на Снежана отсекогаш бил далеку од јавноста. Со кратка руса коса, по која тогаш беше препознатлива, пејачката изгледа свежо и заводливо, оставајќи впечаток на време кога беше на врвот на својата популарност.
Поврзани објави
Да потсетиме, во 2013 година пејачката го изгуби сопругот Слободан Гвозденовиќ, со кого беше во брак цели 36 години. Тој период за неа беше исклучително тежок, но успеа да го преброди со поддршка од семејството и децата.
Неколку години подоцна, Ѓуришиќ го запозна актуелниот партнер, гинекологот Вања Милошевиќ. Иако нивната врска е хармонична, пејачката јасно истакнува дека нема намера повторно да застане пред матичар.
printskrin youtube – hyppe -dzurisic