Иако картите беа распродадени, Ана Николиќ наместо на договорениот настап во клуб во Посушје, заминала на прослава на својот роденден.
Големо разочарување доживеаја фановите на Ана Николиќ во Посушје, каде што во саботата требаше да настапи во преполн клуб. Иако билетите беа одамна распродадени, пејачката се одлучила да не се појави, туку вечерта да ја помине во прослава на својот роденден.
Организаторите излегоа со јавно соопштение во кое изразија гнев и истакнаа дека пејачката грубо ги прекршила условите од договорот.
Концертот на Ана Николиќ за вечерва е откажан поради еднострана одлука на пејачката да не се појави. Со тоа беа прекршени сите одредби на професионалниот договор“, се наведува во соопштението.
Поврзани објави
Разочараната публика доби поврат на средствата за билетите, а атмосферата се обидел да ја одржи ди-џеј кој настапил наместо најавената ѕвезда. Многумина, сепак, не го сокриле својот гнев и изразиле дека вакви ситуации не смеат да се случуваат.
Овој инцидент предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, каде што дел од фановите ја обвинуваат Николиќ за непрофесионалност, додека други ја оправдуваат со тврдења дека и пејачите имаат право на приватни моменти и одмор.
printskrin youtube – hype tv – ana nikolic