Почетна ЕкономијаМицкоски бара пресметка на посебни потрошувачки кошнички според потребите на самец, млад брачен пар, тричлено и четиричлено семејство, како и пензионери

Мицкоски бара пресметка на посебни потрошувачки кошнички според потребите на самец, млад брачен пар, тричлено и четиричлено семејство, како и пензионери

од nenad
1 минути читај за

Премиерот Христијан Мицкоски денес изјави дека е неопходно да се пресметаат различни потрошувачки кошнички – за поединец, млад брачен пар, семејства со три и четири члена, како и за пензионери, бидејќи нивните трошоци се разликуваат и не треба да се третираат идентично.

Мицкоски го задржува својот став за потребата од изготвување на т.н. унифицирана потрошувачка кошница, која, според неговите зборови, “ќе одговара на потребите на граѓаните и ќе даде вистински одговор на сите дилеми што се појавуваат поради сомневање за одредена субјективност на едната или другата страна”.

Тој додаде: “Апсолутно стојам на тој став и на последната седница на Економско-социјалниот совет имавме дискусија по ова прашање. Мислам дека со Министерството за економија и труд има веќе Работна група која комуницира. Мислам дека треба да излеземе заедно со Државниот завод за статистика и други институции со унифицирана потрошувачка кошничка која ќе даде вистински одговор на сите дилеми што се појавуваат поради сомневање за одредена субјективност на едната или другата страна. Генерално, таква кошница која ќе одговара на потребите на граѓаните треба да излезе.”

Премиерот потенцираше: “Уште стојам на ставот дека мораме како втора пресметка да направиме пресметка и за потрошувачка кошница за самец, млад брачен пар, тричлено и четиричлено семејство и пензионери. Сето ова треба да го имаме на ум зашто потребите на малд брачен пар и на пар пензионери не се исти. Не можеме една кошница да се третира како генерална минимална потрошувачка кошница.”

Во завршницата, Мицкоски изјави: “Кога би ги имале сите овие параметри, мислам дека ќе можеме да носиме поквалитетни одлуки,” по поставувањето камен-темелник на Дом за стари лица во Општина Зрновци.