Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, предвидува редукција на инфлацијата во претстојниот период и нејзино сведување на два до три проценти во текот на идната година.
Како што соопшти денес, за првпат по повеќе месеци, и основната инфлација, но и трошоците за прехрамбени артикли на месечна база, покажуваат негативен параметар, што укажува на нивно намалување.
“Очекувам во овие месеци да има намалување, а следната година да дојдеме до инфлација меѓу 2 и 3 отсто на годишно ниво”, потенцираше Мицкоски.
Премиерот објасни: “Ако ја компарираме инфлацијата со државите во нашето опкружување кои се дел од ЕУ, Хрватска 4,6, Романија 6,8 отсто во август, кај нас има тренд на намалување и првпат по многу месеци можам да кажам дека и базичната инфлација, но и цените на прехранбените производи на месечно ниво имаат негативен партаметар, тоа значи дека се намалуваат,” одговори Мицкоски на новинарски прашања после поставувањето на камен-темелникот на Домот за стари лица во Зрновци.
Претседателот на Владата исто така извести дека се подготвуваат мерки за трошоците на прехранбените производи, и дека инспекциските служби веќе започнале одредени процедури. мч/дма/фото: МИА и принт скрин .
Извор: МИА