Почетна ЕкономијаПроменливо време со повремен дожд до четврток

Променливо време со повремен дожд до четврток

од nenad
1 минути читај за

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, до четврток времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утре и во среда наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследени со пороен дожд (за кратко време поголема количина), грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и услови за изолирана појава на град, соопшти УХМР.

Во петок и сабота ќе преовладува претежно сончево време, а од недела повторно се очекува дестабилизирање на времето.

Во Скопската котлина времето до четврток ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме, особено утре и во среда. / .

Извор: МИА

Leave a Comment