Горниот дом на францускиот парламент усвои предлог за реформа на пензиската система, кој беше предложен од претседателот на Франција, Емануел Макрон. Предлогот на Макрон беше усвоен со 195 гласа “за” и 112 гласа “против” во францускиот Сенат. Комисијата составена од пратеници на двете камери на парламентот ќе се изјасни за предлогот, ако тоа се случи, се очекува двете камери на парламентот, Сенатот и Националното собрание, повторно да се изјаснат во четврток. Исходот од гласањето во Националното собрание е неизвесен. Макрон се залага за реформа која ќе го зголеми старосната граница за пензионирање, но предлогот предизвика протести во Франција. Најголем одзив на демонстранти беше забележан во вторникот, кога според податоците на француската влада беше протестирале 1.280.000 луѓе.
Предлогот за реформа на пензискиот систем е усвоен од Сенатот во Франција.
91
претходен текст