Почетна МакедонијаМирна новогодишна ноќ во Куманово

Мирна новогодишна ноќ во Куманово

од nenad
1 минути читај за




Мирна беше новогодишната ноќ во Куманово, оценуваат лекарите, кои немале премногу работа, освен мали повреди во тепачки. Оваа година никој не побарал помош поради предозирање со алкохол или храна.

– Новогодишната ноќ мина релативно мирно. Имавме ситни повреди во домашни услови, тројца вкупно, само една тепачка од тројцата повредени, а немаше пријавено интоксицирани од алкохол или јадење. Така да имавме една мирна ноќ, весела ноќ, и еве едно ново наговестување на плодна и среќа година со бебенце од женски пол, изјави д-р Стефан Трајановски, директор на Општа болница Куманово.