Без победник заврши еден од дерби натпреварот на претпоследното коло во Серија А, во кое се сретнаа Интер и Лацио. Двете екипи ги поделија бодовите во 37 коло од италијанскиот фудбалски шампионат, откако мечот на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано заврши со резултат 1:1 (0:1). Мрежата на домашниот тим и новиот шампион на Италија беше затресена веќе во четвртата минута, кога предност донесе Тати Кастељанос. Но, тој гол беше поништен поради офсајд. Сепак, тогаш дефинитивно позитива на Лацио му донесе Јапонецот Даичи Камада, кој во 32 минута го совлада искусниот швајцарски голман Јан Зомер.
Се чинеше дека Интер ќе го претрпи третиот пораз оваа недела од почетокот на сезоната, но Дензел Дамфрис се погрижи да не биде така со гол на три минути пред крајот на натпреварот. По овој дуел не се промени многу на табелата, бидејќи Интер одамна го обезбеди Скудетото, додека Лацио остана седми и сега има ист број бодови како шестопласираната Рома, но и меч повеќе од градскиот ривал.
Во последното коло од Серија А, следниот викенд, Интер ќе ја пречека Верона која се бори за опстанок, додека Лацио ќе го пречека Сасуоло кој испадна во Серија Б.